Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Патувања на домашното население, 2011

 


Анкетата за патувања на домашното население е истражување што периодично, на пет години, Државниот завод за статистика го спроведува во согласност со Програмата за статистички истражувања 2008-2012 (“Службен весник на Република Македонија” бр. 11/08 и 141/10).

Истражувањето е спроведено во согласност со методолошките препораки на Светската туристичка организација, Евростат и Обединетите нации за статистика на туризмот. Со истражувањето беа опфатени 2547 анкетирани лица во вкупно 738 домаќинства.

Во оваа публикација се прикажани податоци за патувањето и потрошувачката за туристички цели на домашното население во текот на 2011 година, како важни индикатори за пресметка на туристичката потрошувачка. Податоците презентирани во оваа публикација се споредливи со претходно објавените.

Во публикацијата се презентирани податоци за службени патувања, еднодневни излети, повеќедневни престои и годишни одмори. Податоците се публикувани на ниво на Република Македонија - вкупно и одделно за реализираните патувања во земјата и во странство.

Распоредувањето на анкетираните лица и трошоците е извршено според социјалните белези и возраста, според целта на патувањето, видот на сообраќајното средство, големината на приходите и слично. Податоците од ова истражување беа поврзани со оние од Анкетата за потрошувачката на домаќинствата.

Државниот завод за статистика се надева дека со обемот на податоците и начинот на презентација ќе ги задоволи барањата на корисниците во пресметките на туристичката потрошувачка и за друг вид на анализи. Сите сугестии и забелешки ќе бидат примени со благодарност.


           
Датум на издавање: 10.8.2012
PDF:   Преземи ја публикацијата 720KB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 58
ISBN: 978-608-227-086-9
ISSN: 1857-5196
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма: -


 

 

 

 

  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци
 


© Државен завод за статистика