Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Симетрични input-output табели за Република Македонија, 2010

 


Input-output рамката на Европскиот систем на сметки (ESA 1995) се состои од три вида табели: табели за понудата и за употребата на  стоки и на услуги, табели за поврзување на табелите за понуда и за употреба со секторските сметки и симетрични input-output табели.
Државниот завод за статистика, следејќи ја потребата за хармонизирање со европскиот статистички систем, во 2004 година пристапи прво кон експериментално составување на табелите за понудата и за употребата на стоки и на услуги за 2000 година, кои послужија како основа за изведување на симетричните input-output табели за 2000 година. Целата постапка се базираше на методолошките концепти, дефиниции и класификации кои се препорачуваат во „Прирачникот за input-output табели“ на ЕВРОСТАТ. Табелите беа публикувани во 2006 година, во
едицијата „Класификации, методологии, номенклатури и стандарди“, под број 3.8.6.02. Во 2008 година беа публикувани симетричните input-output табели за 2005 година во статистички преглед кој стана редовно петгодишно издание на Секторот за национални сметки.
Во оваа публикација Државниот завод за статистика ги објавува симетричните input-output табели за Република Македонија за 2010 година. Тие се изведени од табелите за понуда и за употреба на стоки и на услуги за 2010 година кои се публикувани во статистичкиот преглед број 3.4.13.03/744.
Додека табелите за понудата и за употребата на стоки и на услуги се базираат на расположливите статистички податоци, симетричните input-output табели се изведуваат, врз база на извесни аналитички претпоставки, од табелите за понуда и за употреба. Овој процес би можел да се опише како трансформација и всушност претставува чекор од статистика кон моделирање.

Почитувани корисници,
Најновите податоци од оваа публикација во иднина ќе бидат објавувани во МАКСтат базата на податоци



           
Датум на издавање: 12.11.2013
PDF:   Преземи ја публикацијата 806 Kb
Excel:   Преземи табели
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 35
ISBN: 978-608-227-125-5
ISSN:
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 

  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци
 


© Државен завод за статистика