Анкета за приходи и услови за живеење,
2011
Државниот завод за статистика за вторпат во 2011 го спроведе истражувањето Анкета за приходи и услови за живеење 2011 кое претставува извор на податоци за сиромаштија и социјална исклученост.
Статистиките на приходи и услови на живеење претставуваат инструмент за претставување на споредливи податоци за приходите, сиромаштијата, социјалната исклученост и условите за живеење. Социјалната исклученост и условите за живеење се следат на ниво на домаќинства, а вработеноста, образованието и здравствените податоци се следат на ниво на поединци, односно лица на возраст над 16 години.
Анкетата е основа за пресметување на структурните индикатори за споредбена анализа на ниво на Европската унија, како и за пресметување на прераспределбата на приходите и манифестацијата на сиромаштијата и социјалната исклученост.
Следејќи ги препораките на Европскиот статистички систем, Државниот завод за статистика, во 2009 година за првпат го спроведе истражувањето како пилот, а во 2010 година како редовна Анкета за приходи и услови за живеење, предвидена во Програмата за работа на Државниот завод за статистика.
Се надеваме дека податоците од ова истражување ќе им овозможат на корисниците натамошни проучувања и креирање на политики во оваа област.
|
Датум на издавање: |
18.11.2014 |
|
PDF: |
Преземи ја публикацијата
1.37MB
|
|
Excel: |
Преземи табели
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
|
Број на страници: |
40 |
|
ISBN: |
978-608-227-163-7 |
|
ISSN: |
1409-9004 |
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика