Анкета за приходи и услови за живеење,
2012
Државниот завод за статистика трет пат во 2012 го спроведе истражувањето Анкета за приходи и услови за живеење 2012 кое претставува извор на податоци за сиромаштијата и социјалната исклученост. Статистиките на приходи и услови на живеење претставуваат инструмент за претставување на споредливи податоци за приходите, сиромаштијата, социјалната исклученост и условите за живеење. Социјалната исклученост и условите за живеење се следат на ниво на домаќинства, а вработеноста, образованието и здравствените податоци се следат на ниво на поединци, односно лица на возраст над 16 години. Анкетата е основа за пресметување на структурните индикатори за споредбена анализа на ниво на Европската унија, како и за пресметување на прераспределбата на приходите и манифестацијата на сиромаштијата и социјалната исклученост. Следејќи ги препораките на Европскиот статистички систем, Државниот завод за статистика, во 2009 година за првпат го спроведе истражувањето како пилот, а во 2010 година како редовна Анкета за приходи и услови за живеење. Во 2011 и 2012 година продолжи со спроведувањето на Анкетата која е предвидена во Програмата за работа на Државниот завод за статистика.
|
Датум на издавање: |
27.2.2015 |
|
PDF: |
Преземи ја публикацијата
1.44Mb
|
|
Excel: |
Преземи табели
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
|
Број на страници: |
44 |
|
ISBN: |
978-608-227-169-9 |
|
ISSN: |
|
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика