Skip Navigation Links

Веб-картографија Проект финансиран од ЕУ  

 

Почитувани,

Ви го претставуваме новиот продукт на Државниот завод за статистика кој е во тест-фаза. Апликацијата за веб-картографија овозможува прикажување на статистички податоци на ниво на општини и статистички региони со временска серија од 2009 година. Апликацијата во иднина ќе биде надополнувана со нови статистички податоци и индикатори.

Ве молиме, вашите забелешки и сугестии во врска со апликацијата да ги испраќате на следната е-адреса: info@stat.gov.mk.


Начин на користење

Редоследот на избирање на променливите е означен на самата апликација. Прво треба да изберете територијално ниво на кое сакате да ги видите податоците, а потоа од паѓачките менија избирате област, група на податоци и на крај година. По избирањето на овие вредности, притиснете на копчето „Генерирај мапа“. При промена на некои од овие вредности, за да се прикаже картата со избраните вредности треба да се притисне на копчето „Генерирај мапа“.


 Апликацијата е достапна ТУКА

 



 


© Државен завод за статистика