Skip Navigation Links

Ревизија на податоците во согласност со Европскиот систем на сметки (ЕСС 2010)



Во 2014 година, Државниот завод за статистика, изврши ревизија на податоците за бруто-домашниот производ и агрегатите на националните сметки за периодот од 2000 до 2012 година. Ревизијата е спроведена во согласност со Петгодишната програма за работа („Сл. весник на РМ“ бр. 20 од 2013 година) и Политиката за ревизија на статистичките податоци.

Европскиот систем на сметки е систем изграден со конзистентна методологија како заедничка рамка базирана на заеднички дефиниции, класификации и методи на пресметка, со која се обезбедува најтесна споредба на податоците за сите европски земји, особено за бруто-домашниот производ, односно бруто-националниот доход, и особено процентот на јавниот долг во однос на БДП како индикатор за фискалната политика. Со системот, исто така, се дефинирани и методолошките основи за пресметка на регионалниот БДП.

Процесот на подготвување на промените на методологијата ЕСС 1995 започна со ревизија на Системот на национални сметки (SNA 1993) на коj работеа ООН, ОЕЦД, Светската банка, ММФ и Евростат. Во Системот на национални сметки беа детектирани и официјално усвоени 44 промени од кои некои се од методолошка природа или дообјаснување на дефинициите, а некои се од суштинска природа и тие имаат влијание врз промената на вредностите на БДП на земјите, а кои го одразуваат движењето и промените во економскиите во светот.

  12.09.2014 - Информација за ревизијата на податоците за националните сметки и за имплементацијата на новата методологија ЕСС 2010



© Државен завод за статистика