+A   |  -A
ïïï: 3804 | âââ: 75898
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Индекси на прометот во индустријата


Извори и методи на прибирање на податоците
Податоците за прометот во индустријата се прибираат со статистичкиот прашалник: „Месечен извештај за прометот во индустријата“ (ИНД. 2), кој им е достапен на извештајните единици на веб-страницата на ДЗС (www.stat.gov.mk) и тоа преку системот за електронско прибирање податоци (Е-стат).
Извештајните единици се должни да ги пополнат електронските обрасци врз основа на нивната сметководствена евиденција во точно определен рок, врз основа на Програмата за статистички истражувања во Република Северна Македонија за определена година.

Единици на набљудување
Извештајни единици се претпријатијата што се регистрирани во Регистарот на деловните субјекти во областа на индустријата и рударството, и тоа во секторот Б - Рударство и вадење на камен и во секторот В - Преработувачката индустрија од Националната класификација на дејностите - НКД Рев. 2, како и претпријатијата што се регистрирани во друга област (земјоделство, градежништво, трговија итн.), но покрај главната дејност се занимаваат и со индустриска активност. Извештајни единици се и локалните единици според видот на дејноста на ниво на општина.

Начин на пресметка
Индексите на прометот во индустријата на различно ниво на Националната класификација на дејностите - НКД Рев. 2 (вкупно, по главни индустриски групи, сектори, оддели, групи на производи) се пресметуваат како три вида индекси: индекси на прометот во индустријата, вкупно, индекси на прометот во индустријата на домашниот пазар и индекси на прометот во индустријата на странските пазари. За пресметка на индексите се користи Ласперовата формула.
За пресметка на пондерите за прометот во индустријата, вкупно, се користи вредноста на прометот од завршните сметки на претпријатијата за 2021 година, по чиста дејност, агрегирана на ниво на групи на производи, т.е. на три цифри од НКД Рев. 2. За пресметка на пондерите за прометот во индустријата на странските пазари, се користи вредноста на прометот на претпријатијата остварен од извозот на сопственото производство, по чиста дејност, агрегирана на ниво на групи на производи, т.е. на три цифри од НКД Рев. 2, согласно со структурата на вредноста на извозот од „Стоковната размена со странство, 2021“. Пондерите, пак, за прометот во индустријата на домашниот пазар се изведуваат како разлика од пондерите за прометот во индустријата, вкупно и пондерите за прометот во индустријата на странските пазари. Пондерите се менуваат на секои пет години, а како базна година се користи 2021 година.

Применети класификации
При прибирањето на податоците во Месечниот извештај за прометот во индустријата и при објавувањето на резултатите, се користи Националната класификација на дејностите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/2008 година) и Националната номенклатура на индустриските производи  („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 136/2018 година).

Препораки
Месечниот извештај за прометот во индустријата се базира на препораките на ЕВРОСТАТ во „Методологијата за краткорочни деловни статистики“ од 2021 година и e хармонизиран во согласност со Регулативата на комисијата за имплементирање (ЕУ) 2020/1197 од 30 јули 2020 за утврдување на техничките спецификации и аранжмани во согласност со Рeгулативата (ЕУ) 2019/2152 на Европскиот Парламент и на Советот за европските деловни статистики..




Последно ажурирање: 29.01.2025

 
Претходни методолошки објаснувањаДатум
Преземи 16.10.2013
Преземи 16.04.2013
Преземи 14.03.2013
Преземи 17.03.2011
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

   


© Државен завод за статистика