Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, септември 2013 година

вторник, 29 октомври 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември
2013 година, во однос на септември 2012 година, изнесува 105.1.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2013
година, во однос на септември 2012 година, бележи опаѓање од 8.9%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 4.2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст
од 32.6%.
Според главните индустриски групи, производството во септември 2013 година, во однос на септември 2012
година, бележи пораст кај Енергија за 12.4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 12.3% и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 15.4%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен
енергија за 5.9% и Капитални производи за 8.0%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари-септември 2013 година, во однос на периодот
јануари-септември 2012 година, изнесува 102.2.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 649

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика