Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, септември 2020 година

четврток, 29 октомври 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, изнесува 95.9.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи опаѓање од 9.7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 13.2%.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи опаѓање кај  Енергија за 12.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 26.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.1%, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.0% и Капитални производи за 2.4%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари - септември 2020 година, во однос на периодот јануари - септември 2019 година, изнесува 87.9.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика