Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, декември 2020 година

петок, 29 јануари 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, изнесува 102.5.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи пораст од 10.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 6.1 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи опаѓање кај  Енергија за 3.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 10.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.9 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16.6 % и Капитални производи за 1.0 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – декември 2020 година, во однос на периодот јануари – декември 2019 година, изнесува 90.5.
 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика