Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2021 година, во однос на март 2020 година, изнесува 107.6.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2021 година, во однос на март 2020 година, бележи опаѓање од 2.3 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6.2 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 31.0 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во март 2021 година, во однос на март 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 20.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.6 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1.9 %, Капитални производи за 0.5 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 2.8 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - март 2021 година, во однос на периодот јануари - март 2020 година, изнесува 93.9.