Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, изнесува 109.5.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, бележи пораст од 9.9 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 8.0 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 25.4 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 52.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 13.7 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 23.8 % и Капитални производи за 1.6 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - јуни 2021 година, во однос на периодот јануари - јуни 2020 година, изнесува 106.6.