Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, февруари 2022 година

четврток, 31 март 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во февруари 2022
година, во однос на февруари 2021 година, изнесува 106.3.
 
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2022 година,
во однос на февруари 2021 година, бележи пораст од 25.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст
од 4.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 9.6 %.
 
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните
оддели: Производство на тутунски производи, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на
основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од
пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство
на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство
на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и
Производство на мебел.
 
Според главните индустриски групи, производството во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година,
бележи пораст кај Енергија за 14.6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 14.6 %, Капитални производи
за 3.2 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 61.5 %, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за
широка потрошувачка за 4.1 %.
 
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – февруари 2022 година, во однос на периодот јануари
– февруари 2021 година, изнесува 103.6.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика