Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2022 година, во однос на март 2021 година, изнесува 103.2.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен, во март 2022 година во однос на март 2021 година, бележи пораст од 9.7 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 8.7 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во март 2022 година во однос на март 2021 година, бележи пораст кај Енергија за 9.7 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.6 %, Капитални производи за 1.9 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 33.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.9 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – март 2022 година, во однос на периодот јануари – март 2021 година, изнесува 103.5.