Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, изнесува 100.9.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи опаѓање од 4.1 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 10.1 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи пораст кај Енергија за 17.5 %, Капитални производи за 7.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.3 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - јуни 2022 година, во однос на периодот јануари - јуни 2021 година, изнесува 102.5.