Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, изнесува 99.5.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, бележи опаѓање од 33.3 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 5.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2.0 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 49.9 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 25.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.8 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5.2 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 24.7 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – септември 2022 година, во однос на периодот јануари – септември 2021 година, изнесува 100.9.