Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, изнесува 101.0.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, бележи опаѓање од 1.3 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 45.4 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место.
Според главните индустриски групи, производството во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 36.9 %, Капитални производи за 8.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9.8 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 19.6 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 12.7 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – февруари 2023 година, во однос на периодот јануари – февруари 2022 година, изнесува 99.5.