Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јули 2023 година,
во однос на јули 2022 година, изнесува 98.2.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2023 година, во
однос на јули 2022 година, бележи опаѓање од 13.5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од
1.2 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 8.8 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во
следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на
текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
Производство на производи од гума и производи од пластични маси и Производство на електрична опрема.
Според главните индустриски групи, производството во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи пораст
кај Капитални производи за 28.0 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6.1 %, Интермедијарни производи,
освен енергија за 1.8 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 18.9 % и Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 13.8 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари − јули 2023 година, во однос на периодот јануари −
јули 2022 година, изнесува 101.0.