Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јануари 2024
година, во однос на јануари 2023 година, изнесува 102.8.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2024 година,
во однос на јануари 2023 година, бележи опаѓање од 14.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст
од 8.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 21.7 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните
оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство
на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на
фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на
моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година,
бележи пораст кај Енергија за 19.7 % и Капитални производи за 41.2 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни
производи, освен енергија за 13.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 26.7 % и Нетрајни производи за
широка потрошувачка за 6.8 %.