Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, јули 2024 година

петок, 30 август 2024


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 103.8.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи пораст од 14.9 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.1 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на хартија и производи од хартија, Печатење и продукција на снимени медиуми (записи), Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на електрична опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 2.8 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.4 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 33.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 24.0 %, додека бележи опаѓање кај Капитални производи за 20.1 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јули 2024 година, во однос на периодот јануари – јули 2023 година, изнесува 96.1.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389295666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика