Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, изнесува 96.5.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, бележи опаѓање од 3.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2.7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 6.7 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хартија и производи од хартија, Печатење и продукција на снимени медиуми, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Поправка и инсталирање на машини и опрема.
Според главните индустриски групи, производството во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, бележи опаѓање кај Енергија за 6.6 %, Капитални производи за 11.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.9 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.3 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 36.2 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на периодот јануари – ноември 2023 година, изнесува 96.2.