Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, април 2015 година

среда, 27 мај 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во април 2015
година, во однос на април 2014 година, изнесува 99.1.


Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2015
година, во однос на април 2014 година, бележи опаѓање од 5.3%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи опаѓање од 1.1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
пораст од 10.1%.


Според главните индустриски групи, производството во април 2015 година, во однос на април 2014 година,
бележи пораст кај Енергија за 5.9%, Капитални производи за 9.0% и Трајни производи за широка потрошувачка
за 8.9%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.7% и Нетрајни производи
за широка потрошувачка за 5.7%.


Индексот на индустриското производство во периодот јануари - април 2015 година, во однос на периодот
јануари - април 2014 година, изнесува 100.8.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 649

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика