Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, мај 2015 година

петок, 26 јуни 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во мај 2015
година, во однос на мај 2014 година, година изнесува 95.0.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2015 година,
во однос на мај 2014 година, бележи опаѓање од 5.8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање
од 4.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 13.1%.
Според главните индустриски групи, производството во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, бележи
пораст кај Капитални производи за 6.5% и Трајни производи за широка потрошувачка за 19.9%, додека опаѓање
бележи кај Енергија за 16.0%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.7% и Нетрајни производи за
широка потрошувачка за 10.4%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - мај 2015 година, во однос на периодот јануари
- мај 2014 година, изнесува 99.6.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 649

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика