Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, март 2016

среда, 27 април 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2016
година, во однос на март 2015 година, изнесува 108.9.


Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2016
година, во однос на март 2015 година, бележи опаѓање од 7.5%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 15.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
опаѓање од 14.2%.


Порастот во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во
следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство
на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на машини и уреди,
неспомнати на друго место, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки
и полуприколки.


Според главните индустриски групи, производството во март 2016 година, во однос на март 2015 година,
бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.2%, Капитални производи за 63.6% и
Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.4%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 19.9% и кај
Трајни производи за широка потрошувачка за 26.8%.


Индексот на индустриското производство во периодот јануари - март 2016 година, во однос на периодот јануари
- март 2015 година, изнесува 110.7.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: 02 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика