Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекс на индустриското производство, јуни 2016 година

петок, 29 јули 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јуни 2016
година, во однос на јуни 2015 година, изнесува 95.6.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2016 година,
во однос на јуни 2015 година, бележи опаѓање од 21.1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи
опаѓање од 0.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од
20.4%.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, бележи
пораст кај Трајни производи за широка потрошувачка за 77.3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 25.9%,
Интермедијарни производи, освен енергија за 4.2%, Капитални производи за 7.5% и Нетрајни производи за
широка потрошувачка за 2.6%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - јуни 2016 година, во однос на периодот
јануари - јуни 2015 година, изнесува 105.6.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика