Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, јануари 2017 година

вторник, 07 март 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јануари
2017 година, во однос на јануари 2016 година, изнесува 97.4.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2017
година, во однос на јануари 2016 година, бележи опаѓање од 7.2%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи опаѓање од 3.6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
пораст од 10.6%.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во
следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на
тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на производи од гума и
производи од пластични маси, Производство на други неметални минерали и Производство на фабрикувани
метални производи, освен машини и уреди.
Според главните индустриски групи, производството во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016
година, бележи пораст кај Енергија за 6.1%, Капитални производи за 7.4% и Трајни производи за широка
потрошувачка за 20.9%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.8% и
Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.3%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика