Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Индустрија
Намалување на индустриското производство во февруари 2010 година, во однос на истиот месец од претходната година, за 13.1%
четврток, 25 март 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во февруари 2010 година во однос на февруари 2009 година изнесува 86.9.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Вадење на руди и камен во февруари 2010 година, во однос на февруари 2009 година, бележи пораст од 0.9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 20.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас и вода пораст од 31.2%.
Според главните индустриски групи, производството во февруари 2010 година, во однос на февруари 2009 година, бележи пораст кај Енергија за 6.4%, додека опаѓање бележи кај: Интермедијарни производи, освен енергија за 15.7%, Капитални производи за 33.5%, Трајни производи за широка потрошувачка за 19.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 18.3%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - февруари 2010 година, во однос на периодот јануари - февруари 2009 година, изнесува 91.7.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 653
е-пошта:
zoran.stanojkovski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика