Соопштението е од областа:
Индустрија
Индекси на индустриското производство, ноември 2018 година
четврток, 27 декември 2018
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, изнесува 104.9. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, бележи пораст од 6.4 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 4.2 %. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел. Според главните индустриски групи, производството во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, бележи пораст кај Енергија за 4.7 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.5 %, Капитални производи за 7.8 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 2.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.7 %. Индексот на индустриското производство во периодот јануари – ноември 2018 година, во однос на периодот јануари – ноември 2017 година, изнесува 105.2.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|