Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, декември 2010 година

четврток, 27 јануари 2011


Индексот на индустриското производство во декември 2010 година, во однос на декември 2009 година, изнесува 92.3.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Вадење на руди и камен во декември 2010 година, во однос на декември 2009 година, бележи опаѓање од 17.0%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 9.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас и вода бележи пораст од 9.9%.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2010 година, во однос на декември 2009 година, бележи пораст кај : Енергија за 7.6%, Капитални производи за 24.0%, Трајни производи за широка потрошувачка за 25.7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.7%, додека опаѓање бележи кај: Интермедијарни производи, освен енергија за 32.4%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари - декември 2010 година, во однос на периодот јануари - декември 2009 година, изнесува 95.7.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 649

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика