Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, февруари 2019 година

четврток, 28 март 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во февруари 2019
година, во однос на февруари 2018 година, изнесува 107.3.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2019 година,
во однос на февруари 2018 година, бележи пораст од 2.9 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст
од 7.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 4.8 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во
следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски
производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на електрична
опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки
и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година,
бележи пораст кај Енергија за 7.1 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 13.5 %, Капитални производи
за 1.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.3 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за
широка потрошувачка за 1.4 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – февруари 2019 година, во однос на периодот јануари
– февруари 2018 година, изнесува 109.6.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика