Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во април 2019 година, во однос на април 2018 година, изнесува 105.5.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2019 година, во однос на април 2018 година, бележи пораст од 3.5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 18.6 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во април 2019 година, во однос на април 2018 година, бележи пораст кај Енергија за 20.6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.7 %, Капитални производи за 2.4 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 0.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.6 %. Индексот на индустриското производство во периодот јануари – април 2019 година, во однос на периодот јануари – април 2018 година, изнесува 107.9.