Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Пораст на индустриското производство во јуни 2010 година, во однос на истиот месец од претходната година, за 5.4%

вторник, 27 јули 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јуни 2010 година во однос на јуни 2009 година изнесува 105.4.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Вадење на руди и камен во јуни 2010 година, во однос на јуни 2009 година, бележи пораст од 19.9%, во секторот Преработувачка индустрија е на исто ниво, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас и вода бележи пораст од 49.7%.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2010 година, во однос на јуни 2009 година, бележи пораст кај: Енергија за 31.8%, Интермедијарни производи, освен енергија за 4.5%, Капитални производи за 0.6% и Трајни производи за широка потрошувачка за 4.3%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари - јуни 2010 година, во однос на периодот јануари - јуни 2009 година, изнесува 94.7.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 653

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика