Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, изнесува 101.2.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, бележи пораст од 5.4 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 22.0 %. Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на кожа и слични производи од кожа, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на компјутерски, електронски и оптички производи и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, бележи пораст кај Енергија за 22.0 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.9 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 2.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 7.1 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2019 година, во однос на периодот јануари – мај 2018 година, изнесува 106.5.