Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, изнесува 104.2.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи опаѓање од 11.0 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 7.8.%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 5.5 %.
Според главните индустриски групи, производството во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.2 %, Капитални производи за 12.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.2 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8.5 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 5.3 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари − октомври 2019 година, во однос на периодот јануари − октомври 2018 година, изнесува 105.4.