Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индустриско производство во август 2010 година

вторник, 28 септември 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во август 2010 година во однос на август 2009 година изнесува 98.5.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Вадење на руди и камен во август 2010 година, во однос на август 2009 година, бележи пораст од 4.3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас и вода бележи опаѓање од 0.2%.

Според главните индустриски групи, производството во август 2010 година, во однос на август 2009 година, бележи пораст кај: Енергија за 8.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12.5%, додека бележи опаѓање кај: Интермедијарни производи, освен енергија за 14.8%, Капитални производи за 24.0% и Трајни производи за широка потрошувачка за 1.9%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари - август 2010 година, во однос на периодот јануари - август 2009 година, изнесува 97.0.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 653

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика