Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, февруари 2020 година

понеделник, 30 март 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, изнесува 103.5.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, бележи пораст од 7.7 %, во секторот  Преработувачка индустрија бележи пораст од 6.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 13.3 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.1 %, Капитални производи за 10.4 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.0 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 7.8 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари - февруари 2020 година, во однос на периодот јануари - февруари 2019 година, изнесува 101.9.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика