Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, октомври 2010 година

петок, 26 ноември 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври 2010 година, во однос на септември 2010 година, изнесува 99.0. Индексот на индустриското производство во октомври 2010 година, во однос на октомври 2009 година, изнесува 95.6. Индексот на индустриското производство во октомври 2010 година, во однос на просечното производство во 2005 година, изнесува 105.6.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Вадење на руди и камен во октомври 2010 година, во однос на просечното производство во 2005 година, бележи пораст од 23.6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас и вода опаѓање од 7.4%.

Според главните индустриски групи производството во октомври 2010 година, во однос на просечното производство во 2005 година, бележи пораст кај: Интермедијарни производи, освен енергија за 14.8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 36.2% и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.9%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 653

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика