Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, ноември 2010 година

вторник, 28 декември 2010


Индексот на индустриското производство во ноември 2010 година, во однос на ноември 2009 година, изнесува 98.5.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Вадење на руди и камен во ноември 2010 година, во однос на ноември 2009 година, бележи опаѓање од 10.6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас и вода бележи опаѓање од 14.3%.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2010 година, во однос на ноември 2009 година, бележи пораст кај: Нетрајни производи за широка потрошувачка за 13.0%, додека опаѓање бележи кај: Енергија за 5.6%, Интермедијарни производи, освен енергија за 11.7%, Капитални производи за 26.3% и Трајни производи за широка потрошувачка за 15.5%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари - ноември 2010 година, во однос на периодот јануари - ноември 2009 година, изнесува 96.0





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 649

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика