Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, април 2011 година

петок, 27 мај 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во април 2011 година, во однос на април 2010 година, изнесува 111.8.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2011 година, во однос на април 2010 година, бележи пораст од 20.8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 14.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 6.3%.

Според главните индустриски групи, производството во април 2011 година, во однос на април 2010 година, бележи пораст кај Енергија за 12.9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 4.7%, Капитални производи за 44.8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 107.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.3%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари - април 2011 година, во однос на периодот јануари - април 2010 година, изнесува 113.2.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 649

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.