Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, јули 2011 година

петок, 26 август 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јули 2011 година, во однос на јули 2010 година, изнесува 105.5.


Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2011 година, во однос на јули 2010 година, бележи пораст од 2.2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 9.0%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 18.7%.


Според главните индустриски групи, производството во јули 2011 година, во однос на јули 2010 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.6%, Капитални производи за 26.1%, Трајни производи за широка потрошувачка за 181.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.3%, додека кај Енергија бележи опаѓање за 15.5%.

 
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - јули 2011 година, во однос на периодот јануари - јули 2010 година, изнесува 108.6.






  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 649

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика