Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2012
година, во однос на март 2011 година, изнесува 91.5.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2012
година, во однос на март 2011 година, бележи опаѓање од 4.7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи
опаѓање од 6.0%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од
23.8%.
Според главните индустриски групи, производството во март 2012 година, во однос на март 2011 година, бележи
опаѓање кај Енергија за 35.0 %, Капитални производи за 13.6% и Tрајни производи за широка потрошувачка
за 57.2 %, додека бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.4% и Нетрајни производи
за широка потрошувачка за 0.9%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - март 2012 година , во однос на периодот
јануари - март 2011 година, изнесува 91.6.