Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во мај 2012
година во однос на мај 2011 година изнесува 94.6.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2012 година,
во однос на мај 2011 година, бележи опаѓање од 22.8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање
од 3.2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14.1%.
Според главните индустриски групи, производството во мај 2012 година, во однос на мај 2011 година, бележи
опаѓање кај Енергија за 22.9 %, Капитални производи за 19.8% и Tрајни производи за широка потрошувачка
за 43.2 %, додека бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.0% и Нетрајни производи
за широка потрошувачка за 1.6%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари-мај 2012 година, во однос на периодот јануари-мај
2011 година, изнесува 92.5.