Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври
2012 година во однос на октомври 2011 година изнесува 95.4, додека во октомври 2012 година, во однос на
септември 2012 година, изнесува 100.2.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2012
година, во однос на октомври 2011 година, бележи опаѓање од 13.7%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи опаѓање од 1.0%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
опаѓање од 26.8%.
Според главните индустриски групи, производството во октомври 2012 година, во однос на октомври 2011
година, бележи опаѓање кај Енергија за 36.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.5%,
додека бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.1%, Капитални производи за
28.7% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 13.3%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - октомври 2012 година , во однос на периодот
јануари - октомври 2011 година, изнесува 93.3.