Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, изнесува 95.6, додека во ноември 2012 година, во однос на октомври 2012 година, изнесува 105.3.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, бележи пораст од 0.9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2.8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 17.8%.
Според главните индустриски групи, производството во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, бележи опаѓање кај Енергија за 20.7%, Капитални производи за 13.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.8%, додека бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7.9%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - ноември 2012 година, во однос на периодот јануари - ноември 2011 година, изнесува 93.5.