Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекс на индустриското производство, декември 2012 година

вторник, 29 јануари 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во декември
2012 година, во однос на декември 2011 година, изнесува 92.0.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2012
година, во однос на декември 2011 година, бележи опаѓање од 1.9%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи опаѓање од 8.2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
опаѓање од 8.8%.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2012 година, во однос на декември 2011
година, бележи опаѓање кај Енергија за 14.3%, Капитални производи за 10.8%, Tрајни производи за широка
потрошувачка за 23.4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12.0%, додека пораст бележи кај
Интермедијарни производи, освен енергија за 3.9%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари-декември 2012 година, во однос на периодот
јануари-декември 2011 година, изнесува 93.4.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 649

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика