Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Потрошувачите оптимисти за можностите за штедење во наредните 12 месеци

понеделник, 31 мај 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на индикаторот на доверливост во мај 2010 е речиси непроменета во однос на вредноста од претходниот месец.

Очекувањата за финансиската состојба на домаќинствата во наредните 12 месеци, во мај 2010 се понеповолни во споредба со нивните очекувања од претходниот месец, а поповолни во однос на очекувањата од мај 2009 година.

Во мај 2010 година домаќинствата оцениле дека економската состојба на земјата за наредните 12 месеци ќе биде понеповолна во споредба со нивната оценка од април 2010.

Што се однесува, пак, до очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето, во мај тие се пооптимистички во споредба со претходниот месец.

Оценката за невработеноста во наредните 12 месеци, во мај 2010 е понеповолна во споредба со оценката од претходниот месец.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 650

е-пошта:  aneta.nikolova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика