Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Потрошувачите оптимисти за економската состојба во наредните 12 месеци
среда, 30 јуни 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на индикаторот на доверливост во јуни
2010 е зголемен за 1.2 процентни поени во однос на вредноста од претходниот месец. Зголемувањето се
должи на оптимистичките очекувања за финансиската состојба на домаќинствата, економската состојба на
домаќинствата во наредните 12 месеци, како и очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето.
Очекувањата за финансиската состојба на домаќинствата во наредните 12 месеци, во јуни 2010 се
поповолни во споредба со нивните очекувања од претходниот месец, како и во однос на очекувањата од јуни
2009 година.
Во јуни 2010 година домаќинствата оцениле дека економската состојба на земјата за наредните 12 месеци ќе
биде поповолна во споредба со нивната оценка од мај 2010.
Што се однесува, пак, до очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето, во јуни 2010 тие се
пооптимистички во споредба со претходниот месец.
Оценката за невработеноста во наредните 12 месеци, во јуни 2010 е понеповолна во споредба со оценката
од претходниот месец.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 650
е-пошта:
aneta.nikolova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика