Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Потрошувачите оптимисти за невработеноста во наредните 12 месеци
петок, 30 јули 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на индикаторот на доверливост во јули
2010 г. е намален за 4.4 процентни поени во однос на вредноста од претходниот месец. Намалувањето се
должи на неповолните очекувања за финансиската состојба на домаќинствата, економската состојба на
домаќинствата во наредните 12 месеци, како и очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето.
Очекувањата за финансиската состојба на домаќинствата во наредните 12 месеци, во јули 2010 г. се
понеповолни во споредба со нивните очекувања од претходниот месец, како и во однос на очекувањата од
јули 2009 година.
Во јули 2010 година домаќинствата оцениле дека економската состојба на земјата како и очекувањата за
веројатноста во поглед на штедењето за наредните 12 месеци ќе бидат понеповолни во споредба со нивната
оценка од јуни 2010 година.
Оценката за невработеноста во наредните 12 месеци, во јули 2010 г. е поповолна во споредба со оценката од
претходниот месец.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 650
е-пошта:
aneta.nikolova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика