Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Потрошувачите оптимисти за економската состојба во следните 12 месеци

вторник, 31 август 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на индикаторот на доверливост во август 2010 е зголемен за 4,4 процентни поени во однос на вредноста од претходниот месец. Зголемувањето е резултат на поволните очекувања за финансиската состојба на домаќинствата, економската состојба на домаќинствата во следните 12 месеци, како и на оценката за невработеноста.

Очекувањата за финансиската состојба на домаќинствата во следните 12 месеци, во август 2010, се поповолни во споредба со нивните очекувања од претходниот месец, како и во однос на очекувањата од август 2009 година.

Во август 2010 година домаќинствата оцениле дека економската состојба на државата, како и невработеноста во следните 12 месеци ќе бидат поповолни во споредба со нивната оценка од јули 2010.

Очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето во следните 12 месеци, во август 2010 се понеповолни во споредба со очекувањата од претходниот месец.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 650

е-пошта:  aneta.nikolova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика