Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Потрошувачите оптимисти за веројатноста во поглед на штедењето
во следните 12 месеци
четврток, 30 септември 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на индикаторот на доверливост во септември
2010 е намален за 2,7 процентни поени во однос на вредноста од претходниот месец.
Намалувањето е резултат на неповолните очекувања за финансиската состојба на домаќинствата, економската
состојба на домаќинствата во следните 12 месеци, како и оценката за невработеноста.
Очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето во следните 12 месеци, во септември 2010, се поповолни
во споредба со очекувањата од претходниот месец.
Очекувањата за финансиската состојба на домаќинствата во следните 12 месеци, во септември 2010, се
понеповолни во споредба со нивните очекувања од претходниот месец, како и во однос на очекувањата од
септември 2009 година. Во септември 2010 година домаќинствата оцениле дека економската состојба на
државата, како и невработеноста за следните 12 месеци ќе бидат понеповолни во споредба со нивната оценка
од август 2010.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 650
е-пошта:
aneta.nikolova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика